Владимир Тодоровиќ и Цветан Панделевски ќе сведочат на рочиштето за “Рекет”

Поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ денеска треба да сведочи во судскиот процес „Рекет“, во Кривичниот суд.

Тодоровиќ е сведок предложен од одбраната. По него треба да сведочи и бизнисменот Цветан Панделески, осомничен во случајот “Империја”.

Обвинетиот Бојан Јовановски има предложено 12 сведоци, а потоа ќе следуваат и сведоците предложени од обвинетата Катица Јанева.