Владата одличила петок да биде неработен за сите граѓани

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, информираше денес Министерството за труд и социјална политика. 

Претходно, верскиот празник Духовден беше неработен само за граѓаните од православна вероисповед.