Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми

Објавен ќе биде трет јавен повик за нискобуџетните авиокомпании, но овојпат со олеснети критериуми, одлучи Владата.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

-Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, истакна Бошњаковски.