Владата соопшти дека е донесена одлука да го продаде мерцедесот бенц C600 којшто беше набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Продажбата ќе се изврши преку електронскиот систем за јавно наддавање, а почетната проценета вредност на автомобилот, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 230.000 евра.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.еaukcii.finance.gov.mk.