Владата го укина полицискиот час!

Владата на денешната седница неофицијално донела одлука за целосно ослободување на движењето, односно за укинување на полицискиот час кое стапува на сила од утре. 

Се очекува оваа одлука наскоро да биде потврдена од страна на владината ПР служба. 

Комисијата за заразни болести попладнево ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.