СОСТОЈКИ:
750 гр печурки (големи шампињони)
3 млади кромитчиња
2 чешниња лук
250 гр шунка
150 гр кашкавал
100 гр павлака
1 јајце
магдонос
пармезан
масло за готвење
зачини
НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
Одете во најблискиот маркет и одберете ги најголемите шампињони кои се продаваат. Ако не можете да бирате, земете запакувани, секако ќе успеете да ги наполните.
Исчистете ги шампињоните со четка бидејќи така е правилно.Извадете им ги дршките кои потоа ќе ги исчкате на ситни коцки.
Во сад со масло за готвење кратко пропржете ги претходно ситно исечканите лук и млад кромид. Додадете ја шунката ситно исчканата на коцки, како и иситнетите дршки од печурките и пропржете уште кратко.
Тргнете го тавчето од оган и оставете ја смесата да се олади. Ставете ја во длабок сад.
Додадете го јајцето, кашкавалот исечкан на ситни коцки, павлаката и магдоносот. Мешате додека да добиете компактна смеса.
Печурките ги полните една по една со добиената смеса. Најодозгора секоја печурка ја посупувате со пармезан и ја редите во тава за печење на која е поставена хартија за печење.
Печете околу 25 до 30 минути на температура од 180 степени.
На здравје!