Немаат многу состојки во себе, а го имаат најслаткиот вкус на целиот свет.
1 пакување путер од кикирики (тие се околу 200 грама)
пола чаша мед
3 чаши овесни снегулки
Стопете го путерот од кикирики со медот, на средна температура. Додадете ги овесните снегулни да се соединат со смесата.
Ставете во тавче и оставете го во фрижидер 2-3 часа за целото да се стврдне.
Потоа исечете коцки во посакуваните димензии, декорирајте го по желба и уживајте.