Овие совршени чоколадни кокос коцки се одлични за секоја прилика. Се подготвуваат од само 4 состојки.
Состојки:
4 шолји мелен кокос
1 шолја млеко од кокос
1/3 шолја јаворов сируп или агаве
Малку сол
1 чоколада за готвење
Ставете ги кокосовото брашно, половина шолја млеко од кокос, сирупот и солта во блендер, а потоа миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во тавче обложено со хартија за печење и ставете го во замрзнувач да стои околу 30 минути. Чоколадото потоа промешајте го во млекото од кокос и стопете го на оган. Измешајте ја убаво оваа смеса, а потоа премачкајте ја подлогата од кокос. На крајот, ставете кокосово брашно.
Оставете го колачот 1 час во фрижидер, а потоа можете да послужите.