Вкусна цезар салата

Оваа салата е креација на Caesar Cardini италијански емигрант кој бил сопственик на ресторани во Мексико и Америка. Cardini живеел во Сан Диего но поседувал ресторан во во Тијуана.

Според кажувањата на неговата ќерката, Роса, Caesar на 4ти Јули 1924 година останувал без намирници во својата кујна, поради големата посетеност во нивниот ресторан, за да ги задржи гостите, Caesar со преостанатите состојките подготвил салата која подоцна се покажала како многу  барана.

Состојки:

1 глава марула

исецкани домат и краставица

500 г.  печено  пилешко

4 парчиња леб

4 лажици маслиново масло

Потоа:

1 лажица сенф

1 лажица оцет

2 лажици мајонез

кромид (по желба)

1/2 чаши маслиново масло

сол

бибер

сок од лимон

Начин на подготовка:

Салатата исчистете ја и исецкајте во голем сад. Додадете ги исечканиот домат и краставица, како и  пилешкото, претходно исецкано на коцки. Тенко исечете го кромидот и ставете го во салатата. Лебот исто исечете го на коцки и запржете го на маслиново масло, па додадете го во салатата. Сите состојки од делот „Потоа“ измиксајте ги во блендер. Посипете ги по салатата и добро измешајте.