Ако не сте ги пробале, задолжително направете - омилени им се на децата.
Состојки:
500 гр меко брашно
1 јајце
250 мл вода
½ коцка квасец
3 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажица сол
за премачкување
200 мл цврст јогурт
1 јајце
1 лажица масло
оригано, сол
100 гр гауда
Подготовка:
Од наведените состојки замесете меко тесто. Оставете да се кисне еден час.
Тестото треба да биде многу меко па добро побрашнете ја површината на која ќе формирате лепињи, од прилика 10-12 парчиња.
Секоја премачкајте ја со премазот од јогурт, јајца, зачин и посипете со рендано сирење или кашкавал.
Нека отстојат 10 минути, па печете на 220 степени, кратко време додека да поруменат.
Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.