Состојки:

За ќофтињата:

500гр мелено телешко месо

400гр компир

3 помали главици кромид

2 чешниња лук

2 лажици брашно

1 јајце

Сол, бибер  и вагета по вскус

Бешамел сос:

Малку путер

2-3 лажици брашно

500мл млеко

200мл павлака за готвење

Малку сол, бибер, по желба малку кашкавал

Подготовка:

Кромидот и лукот ситно исецкајте ги. Додадете ги во смесата со меленото месо. Ставете ги и останатите состојки. Измесете убаво да добиете хомогена смеса. Обликувајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло. Внимавајте да не се спржат потполно, туку само да добијат коричка од двете страни.

Пржените ќофтиња наредете ги едно до друго во огноотпорен сад за готвење.

Во маслото во кое ги пржевте ќофтињата додадете го путерот. Ставете 2-3 полни лажици брашно и мешајте за да не се направат грутки. Додавајте го млекото мешајќи цело време. Потоа додадете ја и павлаката и зачини по вкус.

Во подготвениот бешамел додадете малку кашкавал по желба. Прелијте ги ќофтињата со сосот, покријте со фолија и печете 30-ина минути на 220 степени. Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути на истата температура.