Вклучете се во хуманитарната акција пред Веро центарот, потребна е помош!

Во организација на млади луѓе, од 13 часот пред Веро центарот се одржува акција за собирање на донации за критичните места во Скопје.

Хумани граѓани носеа конзервирана храна, вода, пелени, хигиенски средства и храна за бебиња. Нашата екипа беше дел од донацијата, а во моментот додека бевме таму, десетина автомобили тргнаа да ги однесат средствата за донации.

Хумани граѓани се приклучија во акцијата, но мора да напоменеме дека одзивот треба да биде многу поголем и апелираме сите да се вклучат во акцијата се со цел да им се помогне на настраданите граѓани.

Повторуваме дека најпотребна е конзервирана храна, вода, пелени, хигиенски средства и храна за бебиња, а од голема помош би биле и комбиња кои би можеле да однесат поголем товар.