Виз Ер најавува зголемување на бројот на летови од Скопје до Будимпешта

Зголемување на бројот на летови од Скопје до Будимпешта најави Виз Ер. Новиот распоред ќе почне да се примeнува од ноември, 2017 година.

Унгарската нискобуџетна компанија Виз Ер минатата недела најави дека ќе го зголеми бројот на летови од Скопје, Подгорица, Букурешт и Тирана до Будимпешта.

Почнувајќи од ноември оваа година бројот на неделни летови ќе се зголеми на три, наместо досегашните два, неделно.

Компанијата меѓудругото истакна дека наскоро планира да го зголеми и бројот на летови од Лондон до три романски градови. Со тоа оваа компанија ќе има пет пати неделно од романски град до аеродромот Лутон во Лондон.