Витамини кои ни се потребни во текот на студените денови

Со првите знаци на студеното време и појавата на настинките, секогаш се потсетуваме на витаминот Ц. Меѓутоа, во текот на есенските и зимските денови, потребни ни се повеќе витамини. 

Секој од нив игра важна улога во јакнење на имунолошкиот систем, зголемување на нивото на енергија, подобрување на расположението, но и враќање на виталноста. 

Прочитајте кои витамини ни се потребни во текот на овој период.

Витамин Ц

Спротивно на популарното верување, витаминот Ц не спречува грип и настинки, но може да ја намали должината и тежината на симптомите. Тој делува како антиоксидант. Тоа значи дека го штити организмот од болести, вклучувајќи болести на ракот и срцето. Од витално значење е и за произведувањето колаген, кој се користи за јакнење на ткивото и коските.

Може да се најде во цитрусното овошје, кивите, зелениот зеленчук (брокула, марула, зелка), компирот. Препорачаната доза на витамини е 90 милиграми дневно за возрасни и 25 мг дневно за децата. Најчесто се зема во облик на таблети, шумливи таблети и прашок.

Цинк

Цинкот се наоѓа во секоја клетка и е неопходен за нормално функционирање на нашето тело. Во организмот се наоѓа во многу мали количини, 2-3 грама. Меѓутоа, поради неправилната исхрана, стресот, забрзаниот начин на живот, недостатокот на цинк во организмот станува поголем проблем.

Цинкот е олигоелемент кој има важна функција во организмот. Придонесува за создавање на преку 200 ензими, неопходен е за многу метаболички процеси и вклучен во синтезата на ДНК и протеините. Освен тоа, цинкот е минерал кој го штити имунитетот, особено во периодот на студеното време кога е сезона на настинки и грипови.

Железо

Железото е од суштинско значење за формирање на црвените крвни зрнца кои го разнесуваат кислородот низ телото. Добриот внес на железо е неопходен за енергија, интелектуални перформанси и виталност. Недостатокот на железо придонесува за анемија, каде телото не е во можност да го пренесува кислородот, што предизвикува летаргија и безначајност. 

Црвеното место е добар извор на железо. Другите извори вклучуваат производи од житарки, јајца, грав, суво овошје, какао и спанаќ. Треба да знаете дека истовременото земање на витамин Ц помага во неговата апсорпција. 

Суплементите кои содржат железо тешко се поднесуваат бидејќи оставаат метален вкус во устата и предизвикуваат желудочни тегоби.

Витамин А

Витаминот А е важен за обновување на ткивото неопходно за раст и развој. Исто така, тој е неопходен за јакнење на имунолошкиот состав и одржување на добар вид. Главен извор се млекото, црниот дроб, некои видови риба (туна, сардина, харинга и скуша), моркови, домати, манго и кајсии. 

Високи количества на витамин А можат да бидат токсични и да предизвикуваат проблеми со црниот дроб, како и компликации во текот на бременоста. Препорачаниот дневен внес е 600 микограми за жени и 700 микрограми за мажи.

Витамин Е

Витаминот Е делува како антиоксидативна заштитна ќелиска мембрана и се смета дека штити од некои видови карцином и болести на срцето. Јаткастите плодови се најдобар извор на овој витамин, житариците, билните масла, но и зелениот зеленчук (брокула, спанаќ и зелка). Недостатокот од овој витамин е реткост, бидејќи билните масла кои ги користиме во исхраната се богати со витамин Е. Препорачаната дневна доза за внес е 10 милиграми.