Витамин Ц: Чувар на имунитетот во време на пандемијата од коронавирусот

Витаминот Ц е еден од најпопуларните витамини, но тоа е со причина така.

Аксорбинската киселина или попозната како витамин Ц е еден од најважните витамини во исхраната. 

Една од најголемите вредности на овој витамин е неговата поддршка за имунолошкиот систем, но и за лечење од воспаление од белите дробови, туберколоза и спречување на крварењето. Тој е одличен против настинки, различни видови инфекции, грип, воспаление на синусите, а има значајна улога и кај зараснувањето на раните и опекотините.

Витаминот Ц е значаен за формирање на колагенот во нашиот организам, кој претставува важен протеин кој учествува во градењето на кожата, лигаментите, рскавицата и крвните садови. Покрај витаминот Е и бета каротенот, тој се смета за еден од најсилните антиоксиданти кои се борат против слободните радикали во телото, спречуваат болести, а го спречуваат и стареењето. Витаминот Ц придонесува и за соодветна апсорпција на железото во организмот, па е многу важен и кај различни видови анемија. 

Намирници кои се богати со витамин Ц се лимонот, кивите, портокалите, брокулата, карфиолот, доматите, папајата, јагодите, магдоносот и тн. Тие треба да се дел од вашата исхрана секојдневно.

Често се водат полемики за потребната дневна доза од витамин Ц. Тој треба да се внесува првенствено преку зеленчукот и овошјето, а може да се зема и како додаток во исхраната. Експертите препорачуваат дневна доза од 70 до 150 мг. 

До намалување на овој витамин во нашето тело може да дојде поради лоша  и несоодветна исхрана, намалено внесување на здрава храна, изложување на штетни материи и агенси, зрачење и тн. Недостатокот се манифестира со крварење, сува и груба кожа, бавно зараснување на раните и зголемена склоност кон инфекции.