Вистинската љубов не доаѓа со огномети и таа е мирна и спокојна

Ако некогаш сте биле во долга врска, знаете дека секоја врска минува низ различни фази, а и бара напор и компромис за да успее. Кога прв пат ќе запознаеме некого сме среќни и расположени, но како што минува врската, работите се менуваат и таа ни носи поинакви чувства.

екоја врска треба да дојде до тоа да донесе спокој и мир за луѓето кои се во врска. Иако пеперутките кои ги има на почетокот исчезнуваат, сепак таа носи поинакви убави моменти.

Кога сме подолго со некоја личност, пеперутките исчезнуваат. Срцето веќе не чука забрзано кога ја гледаме личноста која ја сакаме, но наместо тоа се смирува. Кога сме со нив, се чувствуваме смирено и безбедно. Кога сме во нивните прегратки и го слушаме нивното дишење, се чувствуваме како тоа да е најбезбедното место на светот за нас.

Не спиеме гушнати, туку спиеме спокојно еден до друг. Се гушкаме со нив, ја галиме нивната коса, сакаме кога тие се покрај нас. Кога се разденува и сме полубудни, се стиснуваме до нив, среќни поради љубовта која ја имаме.

Бакнежите не се секогаш огнени и премногу романтични. Но, и тие се спокојни и нежни, и полни со љубов. Тие се бакнежи кои значат добро утро, добра ноќ, одам на спиење, одам на трчање. Тие се нежните моменти кои му даваат смисла на денот и со кои работите се полесни.

Не си праќате веќе пораки со фрази како „те сакам“ туку пораките се полни со нежности и грижа. Врската веќе не е бајка, туку убава реалност во која живеете. Нема огномети, но има многу љубов.

Тоа е тивкиот ритам на љубовта во долгата врска. Топлина, мир и спокој кои не би ги замениле со ништо друго.

air max 90 essential sale