Што е она што ја прави врската цврста и успешна? Постојат многу одговори на ова прашање, но еден од најважните се однесува на тоа дека е потребно многу труд и напор и од двете страни.

Денес ви нудиме наши одговори и размислувања кои би ве поттикнале да размислувате во насока на подобрување на вашата врска, да ја направите подобра за двете страни.

Луѓето не влегуваат случајно во нашите животи. Тие со причина се наоѓаат на нашиот пат.

Ние секој ден запознаваме нови луѓе и секој познаник може да не научи нешто важно. Некои луѓе не тестираат, некои не искористуваат или ни даваат важна животна лекција, некои ни помагаат да стекнеме нови вештини, а некои не прават подобри луѓе. Последниот тип луѓе се најважните и оние кои треба да се трудиме да ги запознаеме и задржиме.

Во секоја врска, го добивате она што го давате

Не очекувајте дека обвинувањата, кукањата или навредите ќе ви донесат насмевки, прегратки или љубовни признанија. Ако сакате вашиот партнер да ве разбере, ќе мора и вие да се потрудите да го разберете вашиот партнер. Се се враќа, се се плаќа. Ова е многу едноставна формула, која е вистинита од почетокот на човештвото.

Не треба да се борите за да бидете во нечиј живот

Многумина од нас ја забораваат едноставната, но мудра изрека: „Љубовта не може да биде форсирана“. Никогаш не треба да се борите за простор во нечиј живот. Не можете да знаете ни дека тие сакаат да бидете таму.

Луѓето се менуваат и тоа е сосема во ред

Потребите, мислите и уверувањата на луѓето се менуваат со текот на времето. Ако некој ви каже дека сте се промениле, тоа не треба да ве загрижи и не треба да ве поттикне да си ги барате мааните. Најверојатно овие промени ве направиле подобра личност. Нема ништо страшно во тоа да ви се разделат патиштата со некоја личност поради тоа што немате повеќе ништо заедничко. Подобро да ги чувате убавите спомени, отколку слепо да се држите за врска која веќе не функционира. Бидете искрени.

Врската значи напорна работа и труд

Врската не може сама по себе да биде совршена. Врските си бараат активно учество од двете страни. Искреност, заедништво, почит – ова се трите работи кои мора да ги има во врската, таа едноставно не може да постои без нив.

Научете како да простувате

Многумина претпоставуваат дека простувањето е знак на слабост. Но, вистината е дека „Ти простувам“ не значи „Јас сум преслаб/а за да останам лут/а и можеш пак да бидеш злобен/а со мене и нема да кажам ништо.“ Простувањето значи „Јас нема да дозволам минатото да ми ја уништи сегашноста и иднината и затоа ти простувам и се ослободувам од лутината.“

Кавгите се губење време

Колку помалку се расправате со луѓето кои ве нервираат, толку помалку време ќе треба да трошите со саканите луѓе. Ако кавгата се случила помеѓу вас и личноста која ја сакате, тогаш е време да се приземјите. Не дозволувајте лутината да ве надвладее. Во спротивно ќе кажете нешто за коешто ќе се каете до крајот на животот. Понекогаш најсилните врски можат да се растурат само со еден збор.

Не можете да ги промените луѓето

Единствената личност која можете да ја промените е себеси – и никој друг. Мора да научиме да ги прифаќаме луѓето кои ги сакаме и да ги цениме поради тоа какви се. Ако навистина не можете да толерирате нешто, бидете искрени и објаснете што е тоа што ве мачи. Можеби таа личност ќе ве сака и ќе биде подготвена да се промени поради вас.

Животот ќе ви биде подобар ако некои луѓе си отидат од него

Не се плашете да го менувате вашиот круг. Треба да научите како да се ослободите од луѓето кои ве прават несреќни. Ако добивате само предавства и навреди од некого, време е да ги пуштите да си одат.

Ценете ги луѓето кои остануваат

Не заборавајте да им кажете на саканите дека ги цените. Дајте им внимание. Можеби некогаш во иднината таа врска нема да функционира повеќе – никогаш не знаеме што ќе се случи, но не значи дека треба да откажете уште денес.