Вистината поради која некои парови не сакаат да имаат деца...

„Не треба секоја жена со матка да има дете, како што ни секој кој има гласни жици треба да бидее оперски пејач.“ – Глорија Стајнхем

Прво, сакам да разјаснам нешто: кога доаѓа до темата за раѓање деца, јас сум неутрална. Немам посебни чувства, ниту желби за деца во овој период во мојот живот. Моментално не знам што сакам во овој периодот од животот. Оставам животот самиот да си ги нареди коцките.

Но, што е со другите мажи и жени? Што кога некој не сака да има деца, наспроти желбата за семејство? Кога некој ќе ви каже дека не сака деца? Која е вашата првична реакција?

Ако сте како поголемиот дел луѓе, ваква изјава ќе ја протолкувате како себичност. Ако сте како повеќето луѓе, ќе мислите дека нешто им фали.

Во суштина, нашите уверувања околку имање и воспитување деца е многу искривена. Вкоренето ни е уверението дека смислата на животот е да најдеш работа, да се венчаш, да имаш деца, да работиш до 60-та година и после да одиш во пензија.

Се чини дека уште сме заглавени во 1950 година во однос на нашата замисла за тоа како треба да изгледа животот. Ние веруваме дека желбата некој да нема деца е себична, неприродна и мизерна. Дали навистина животот е резервиран само за воспитување деца?

Мораме да ја погледнеме и другата страна на паричката.

Изборот е ваш

Целиот живот доживуваме огромни, но често суптилни облици на притисок. Се соочуваме со притисокот да бидеме модерни, да им се допаднеме на другите, имаме притисок околу вработување и образување, се соочуваме со притисокот да ги исполниме очекувањата на нашите родители, се соочуваме со притисокот да бидеме млади и убави... и секако се соочуваме со притисокот да го ставиме нашиот живот во шаблонот на прифатливото и нормалното.

Тука влегува и раѓањето деца. Во суштина, од мали нозе е присутно уверувањето дека имањето деца е наша судбина. Тоа уверување е насекаде: во весниците, филмовите, емисиите, книгите, списанијата и во нашите секојдневни животи: во нашите пријатели, семејство, роднини и колеги.

Нашите пријатели постојано прашуваат: „Кога деца?“, родителите прашуваат: „Кога ќе ни дадете внуци?“. Тешкиот товар на очекувањата се зголемува со годините. Жените особено се соочуваат со огромен стрес во врска со нивниот биолошкиот часовник.

Во суштина, на некои луѓе имањето деца е вистинскиот врв во животот и најголем благослов. И тоа е навистина прекрасно.

Од една страна, има луѓе кои сакаат да имаат деца затоа што:
- Ја исполниле својата желба да се грижат за некого.
- За да го продолжат семејното стебло.
- Да пронајдат смислат во животот.
- Сакаат едноставно да имаат деца за да уживаат.

Но, од друга страна, има луѓе кои не сакаат да имаат деца, поради:
- Морални грижи, како тоа дека не сакаат да родат дете во ваков  суров свет.
- Финансиски притисок
- Лична слобода
- Уверението дека нема да бидат добри родители.
- Лоша генетика (физички или психички болести)
- Веќе си ја пронашле смислата во животот
 

Како што можете да видите и двете страни се легитимни. И двете страни имаат свои причини. Но, зошто секогаш имаме црно-бело перспектива за луѓето кои не сакаат да имаат деца?

cheap nike free run 5.0