Вистината е дека ги надраснав моите пријатели...

Не сум истата личност којашто бев претходната година.

На почеток, не бев сигурна дали е ова добро или не. На крај се помирив. Престанав да ја ловам девојката која бев претходно. Се плашев дека ако го изгубам тоа, ќе се изгубам сосема себеси.

Типката што ја оставив во минатото не беше нешто којзнае што.

Сите ја сакаа, но јас не можев да ја поднесам. Таа направи да се чувствувам мизерно. Таа толку беше лажна на моменти, што дури и самата не знаеше која е дури и кога беше сама.

Иако не се случи преку ноќ, сепак на крај сфатив дека треба да се откачам од таа девојка која бев.

Тоа беше бавен напредок, но на крај синџирите од минатото престанаа да ме влечат надолу.

Се чувствувам како некој злобен лик да исчезнал и дека конечно можам да дишам. Веќе не сакам да се дружам со истите луѓе.

Не ме интересираат нивните драми, затоа што немаат поента. Можам да бидам груба и да кажам дека ич не ми е гајле, ама па кој ќе се справува и со тие драми. Затоа полека се повлекувам.

Не сакам да зборувам со моите стари пријатели затоа што нема никаква суштина во нив. Не сакам да минувам часови во полу-смешки и да се правам дека ми е гајле. Сакам да им кажам дека поим немам и дека мојот ум одлетал далеку уште во првите секунди од муабетот.

Не можам повеќе да се поврзам со никој и тоа е тешко.

Не е поради тоа што не сакам. Туку едноставно не знам како. Тие не можат да се обидат да ме сфатат, затоа што и јас не можам да се сфатам.

Се уште еволуирам во нова личност, нова јас... и се трудам да се откријам себеси.