Високите температури ја зголемија потрошувачката на електрична енергија

Македонија во мај произвела близу 70 отсто  од потребите на струја.  Според статистиката во овој месец  биле потрошени над 549 илјади мегават часови енергија. Најголем дел или 75 проценти од потребите се покриени од термоцентралите.

Кај хидропотенцијалот има драстичен пад. Недостатоците се обезбедени од увоз каде во однос на мај лани има зголемување за 20 отсто. Според експертите  ваквата состојба е очекувана зошто Македонија се соочува со сушен период. 

 Во мај годинава во споредба со истиот месец лани зголемена е и побарувачката  на струја од страна на домаќинствата и тоа за 19 отсто. Но според експертите видлива е намалената потрошувачка од страна на  индустријата.

 Во вкупното производство  и натаму  се малку застапени обновливите извори на енергија. Експертите порачуваат дека ваквата пракса мора да се промени и да се размислува кон зголемено кроистење на природните ресурси.