Висока загаденост утринава во Скопје - на прво место Ѓорче Петров

Утрово мерачот за загаденост на воздухот кој е лоциран кај полициската станица покажува најголемо загадување на воздухот во град Скопје, позагаден од Лисиче, Центар, Ректорат, Кичево, Тетово.

Едната мерна станица чудно престана да функционира, а оваа покажува дека со тој потег сепак не е решен проблемот со аерозагадувањето.

Депонијата во Ново Село сеуште е активна, а изворот на загадувањето сеуште не е пронајден. Ова што се случува е не сериозно и уништувачки за здравјето на луѓето. Смрдеа на запалени најлони, гуми, полиестер, смог се секојдневие.

Надлежните ништо не превземаат, освен изговори дека граѓаните се виновни и дека овие мерачи се од ''Али експрес''.

Сакаме да испратиме апел и повик за ПОМОШ до стручната и општата јавност, бидејќи сите апели до надлежните не допираат до нив, да го актуелизираме случајов и да не спасат од оваа ''гасна комора'' која сме приморани да ја дишеме.

ЃОРЧЕ САКА ЧИСТ ВОЗДУХ !