Вирусните инфекции ги наполнија амбулантите

Амбулантите и клиниките се преполни со пациенти кои имаа вирусни инфекции. Доаѓаат со високи температури и кашлици. Докторите предупредуваат дека пациентите не треба веднаш да земаат антибиотици.

Вирусните инфекции ги наполнија амбулантите, но и болниците во клиничкиот центар. Температура, кивање, течење нос се најчестите симптоми. Респираторните инфекции во пораст директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ објаснува дека вирусите се чести но треба да се третираат внимателно. Најчесто пациентите се плашат од зголемена температура па земаат веднаш антибиотици тука треба да се внимава, вели професорот Докиќ за Канал5.

Во Скопје пулмолозите оргнизираа регионален симпозиум на тема алергологија и имунологија. Нискиот имунитет најчесто причина за многу заболувања. Науката оди во насока индивидуата да добие терапија според неговиот имунитет.

Докиќ со препорака користете го сонцето за прошетки, уживајте и бидете среќни и тоа дел од вашиот имунитет.