Вип за сите љубители на модерните танци: Бесплатни часови преку караванот на танчерската група Beatrix Crew

Вип ја продолжува успешната соработка со студиото за модерни танци Beatrix Crew и со големо задоволство ja најавува поддршката на танцовиот караван кој ќе обиколи неколку градови низ земјата.

Под мотото “Фати го ритамот на летото со Вип и Beatrix” караванот започнува денеска попладне на главниот плоштад во Куманово и ќе продолжи во наредните денови на плоштадите низ градовите Штип, Струмица, Битола, Охрид и Струга.

Под водство на искусните инструктори на Beatrix Crew бесплатните танцови работилници ќе бидат отворени за сите љубители на модерниот танц и на хип хоп ритамот. Танчерите од Betarix Crew ќе се потрудат на овие работилници да го пренесат своето знаење и искуство на сите заинтересирани што претставува одлична можност за сите учесници да се забавуваат и да научат нови танчерски движења.

“Обезбедувањето повеќе вредност е главното ветување на Вип кон корисниците, но и кон заедницата и кон уметноста. Убедени сме дека не само љубителите на модерниот танц туку и сите жители во градовите низ кои ќе мине караванот ќе се забавуваат и ќе уживаат во впечатливата кореографија и неуморната енергија на инструкторите од Beatrix Crew со што нашата мисија за унапредување на уметноста ќе продолжи успешно да живее”, изјави Емилија Зографска, Оддел за корпоративни комуникации.

Beatrix Crew е носител на три награди во категоријата Urban Dance Styles на Светското првенство во модерни танци што се одржа во јуни годинава, со што го постигна најдобириот пласман на Македонија до сега. Неодамна беше реализирана соработката со Вип со што членовите беа дел од новиот ТВ спот за Vip Припејд промоцијата – бесплатни Viber пораки цело лето.

Видео рекламата со Beatrix Crew можете да ја погледнете на https://