ВИП со нови атрактивни тарифни модели во мобилната постпејд телефонија наменети за сите членови во семејството

Со големо задоволство Вип најавува збогатување на своето портфолио во мобилната телефонија со четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството.

Новото Vip Family тарифно портфолио нуди можност корисниците да уживаат во долги разговори, интернет со 4G брзина и тоа со намалена месечна претплата, засекогаш.

Vip Family се состои од четири тарифни модели и тоа: Vip Family Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior. Сите оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина можат да го изберат супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел, а со избор на Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.

“Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисниците на мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни модели секој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип.

Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари , корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница, како и100 минути кон други национални мрежи. Vip Family Hero кој е достапен за месечна претплата од 599 денари е наменет за сите корисници кои сакаат долги разговори. Оние кои ќе се одлучат за овој тарифен модел добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3 GB 4G интернет. Со Vip Family Hero+ за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори. Со Vip Family Senior кој е наменет за пензионери, за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница и добиваат вклучен 500 MB мобилен интернет.

Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилна телефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Family тарифните модели се промотивни и достапни со договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лица кои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари.

Повеќе информации за Family тарифните модели можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234.