ВИП со нова услуга HBO GO и Пакет HBO Premium, промотивно 3 месеци без претплата

Со големо задоволство Вип ја најавува новата услуга HBO GO со која корисниците имаат можност да ги гледаат омилените филмови и серии каде и да се низ Македонија.

Оваа услуга овозможува следење на содржините преку интернет, и тоа преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или smartTV на најмногу 5 уреди, но корисникот ќе може да биде најавен само на 2 уреда истовремено.

Услугата HBO GO е достапна со пакетот HBO Premium, кој покрај услугата HBO GO ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на Vip Комбо, Vip Комбо Lite, Vip TV и Vip TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

Промотивно, HBO Premium пакетот е достапен без претплата во првите 3 месеци, за сите нови или обновени корисници на Vip Комбо и Vip Комбо Lite. Промоцијата важи ограничен период.

Услугата HBO GO е исто така достапна за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите корисници на Vip Комбо и Vip Комбо Lite, за корисниците на други фиксни услуги, како и за Vip Постпејд корисниците (со Vip SIM-картичка), со претплата од 249 денари/месечно. Повеќе информации за новата услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234.