Вип со гордост објавува дека е првата компанија во Македонија која започнува со имплементација на MAMFORCE методата, иновативна метода за проценка и бизнис сертификат кој ги обединува корпоративната одговорност кон семејството и родовата еднаквост.

MAMFORCE методата опфаќа шест главни подрачја кои ги покриваат најважните политики и мерки, а се однесуваат на комуникација со колегите, организирање на работата, флексибилност, услуги за вработените како и развој на раководење и управување со таленти.

Со спроведување на оваа метода се дава еднаква важност на политиките и мерките кои организацијата веќе ги спроведува како и на мислењето на вработените за нивниот придонес кон работењето на компанијата. Применувањето на оваа метода како и стекнување на признанието е потврда за квалитетот на компанијата и за нејзиното залагање за рамноправност меѓу половите а е во согласност со проектите на Европската Унија со кои се промовираат еднакви можности за личен развој и кариера како и грижа за специфичните потреби на вработените.

Вклучувањето во оваа иницијатива е потврда дека Вип се стреми на своите вработени да им овозможи што подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, дека е одговорна компанија која се грижи максимално за своите вработени и ги спроведува фамилијарно одговорните и родово свесни политики при управување со човечките потенцијали.