VIP дели гратис iPhone 6s на своите корисници

Вип ја заврши големата наградна игра „Надополни и играј за iPhone 6s“ со која додели 77 iPhone 6s телефони на 77 среќни добитници. Денеска беа доделени наградите на среќните добитници од последните две неделни извлекувања со што беше одбележан и крајот на наградната игра.

Во играта која траеше единаесет недели, се приклучија припејд корисници од различни возрасти од сите краишта на земјата, а најмногу среќа имаа припејд корисниците на Вип од Прилеп, Охрид, Скопје и од Куманово.

За потсетување, право на учество имаа сите корисници на Вип Припејд мобилната телефонија кои со самото надополнување на кредит на својата сметка автоматски учествуваа во извлекувањето за вредната награда во соодветната недела.

Во наградната игра за iPhone 6s, колку повеќе корисникот во текот на една седмица ја надополнуваше својата сметка, толку имаше поголема можност за освојување на наградата, а надополнетиот износ можеше да биде искористен за сите припејд услуги.

Добитниците се избираа по пат на случаен избор, извлекувањето на наградите се одвиваше секоја среда, а беа објавувани на официјалната страна веб страна на Вип.