„Вип АКВА ПАРК“ се отвора - еве колку ќе чини билетот

„Вип АКВА ПАРК“, кој се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, в сабота ја стартува четвртата сезона.

Билет за „Вип АКВА ПАРК“ ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%. „Вип АКВА ПАРК“ ќе работи секој ден од 10 до 20 часот.

Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК“ е ограничен на 1.000 посетители, пред сè поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК“ ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.