Има една анегдота за американскиот филозоф Вилијам Џемјс на кого му пришол еден човек и му рекол: „Вие сте единствената среќна личност која ја познавам. Вие секогаш имате насмевка на лицето, дури и кога се соочувате со големи проблеми.“ Џејмс одговорил: „Јас не се смеам затоа што сум среќен. Јас сум среќен затоа што секогаш се смеам.“

Во продолжение прочитајте ги најубавите цитати од Вилијам Џејмс кои ќе ве инсприраат да преземете контрола врз вашиот живот:

„Песимизмот води кон слабост, а оптимизмот ни носи моќ.“

„Најсилното оружје против стресот е нашата способност да знаеме кои мисли да ги прифатиме, а кои да ги отфрлиме.“

„Однесувајте како вашето однесување да може да промени сѐ. Затоа што може.“

„Здравиот раузм и смислата за хумор се иста работа, само што се движат со различна брзина. Смислата за хумор всушност е здрав разум, само што танцува.“

„Најголемото откритие на мојата генерација е тоа дека човекот може да го промени својот живот менувајќи ги своите ставови.“

„Секој ден учете по една работа која би сакале да ја избегнете. Благодарејќи на тоа, ќе бидете подготвени да го поднесете притисокот кога ќе се појави потребата да направите нешто слично.“

„Токму нашиот однос кон некоја тешка задача го одредува успешниот исход.“

„Уметноста на мудроста се сведува на умешниот избор на она што треба да се предвиди.“