Викендов времен сообраќаен режим на улиците „Ферид Бајрам“ и „Рокомија“

Времен сообраќаен режим за време на викендот ќе има на улицата „Ферид Бајрам“ и улица „Рокомија“ во Скопје, поради поставување нисконапонски електричен кабел од страна на ЕВН Македонија.

Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во сабота од 09:00 до 17:00 часот и во недела 12.11.2017 г. во периодот од 08:00 до 17:00 часот.