Викендов времен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од претстојниот викенд /сабота 04.03 и недела 05.03.2017 година/ ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот Борис Трајковски.

Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Поради тоа, на булеварот Борис Трајковски ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.