Викендов пресадување садници од спроти НБРМ

Овие два дена ќе се врши пресадување на садници во Скопје известуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Екипите од одделението „Дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје викендов ќе извршат пресадување на нискостеблести садници на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ спроти Народната банка на Република Македонија.

Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило“ пресадувањето е поради вршење на потребни активности на БЕГ.