Викендов почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува викендов кога во сабота, 28 октомври, во три часот по полноќ стрелките од часовникот ќе се поместат еден час назад

Тоа значи дека времето во три часот ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.