Викендов ќе се спроведе акција за разубавување на Ченто

Под мотото „Ченто, чисто ти ќе бидеш”, утре, 23 септември, жителите на населбата Ченто и одговорните соседи ќе се погрижат овој дел од градот да блесне во полн сјај.

Акцијата за разубавување на Ченто ќе започне точно напладне во областа кај зградите кај последната станица на автобуската линија 45.

Суштината на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ е да предизвика акција за активно вклучување на поединците, здруженијата и компаниите и да го потенцира нивниот индивидуален придонес кон остварување големи резултати од општествен интерес.

Ова саботно чистење околу зградите во Ченто на последна 45-ка го иницира Анета, жителка од Ченто, инспирирана од успешно реализираната акција за чистење и разубавување во општина Аеродром во јули годинава.

Како дополнително разубавување на просторот и потсетник за одржување чиста околина ќе остане уметноста на графит-артистот Драш, кој оваа акција ќе ја преслика на една од зградите во околината.