Викендов дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава, а кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират. Пообилни врнежи ќе има во западните делови на земјава кога се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд, а во текот на ноќта можно е врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умрен до засилен ветер од југоисточен првец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

В недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од снег, а границата на снежната покривка се очекува да се спушти и до 500 метри надморска висина. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира на некои повисоки места.

Во почетокот на наредната седница ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.