Порано сите сакале да побегнат од селата, од планините, од ридовите и да направат куќа во град. Да живеат градски живот, да се носат градски. Да имаат што повеќе луѓе околу нив, да не биде тишина...

Но, денеска времињата се менуваат.

Сите ние имаме свои домови во цивилизирани места, но и секој од нас се стреми за да може да изгради нешто и на страна. Место, каде што ќе може да се опушти, да се релаксира од секојдневните обврски, да се тргне на страна од гужвите, вревата, автомобилите, барајќи мир и чист воздух.

Скопјани пред се, ја сакаат периферијата. Едвај чекаат да дојде викенд или некој празник, и да му свртат грб на градот.

За викенд Скопје е и празен, а особено, ако станува збор за продолжен викенд.

Мала викендица, мало царство. Секоја според свој вкус и свој џеб. Но, има и такви кои на периферијата имаат изградено и луксузни куќи. Дел од нив не живеат во нив, но секое слободно време го поминуваат таму.

Они кои немаат своја викендица и каде да отидат, обично си изнајмуваат во некое од планинските места во Македонија. Берово, Маврово, Кожув,  Пониква, Пехчево се само мал од планинските места, каде за малку пари може да се изнајми цела викендица.

Луѓето барајќи мир и чист воздух се одлучуваат и на таа варијанта.