Викенд временска прогноза

Под влијание на нов и релативно влажен бран денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат нешто повеќе застапени во југозападните и источните делови на земјава.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 6, Прилеп 7, Кавадарци и Дојран 10, Крива Паланка 5, Берово 4...

Утре ќе преовладува сончево време, ќе има мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст - Скопје, Кавадарци и Дојран 16, Крива Паланка 14, Берово 13, Битола 10, Охрид 6, Маврово 2...

За време на викендот нѐ очекува сончево и топло време со температури од 13 до 24 степени.