Викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со натпросечни дневни температури. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 28 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер и максимална дневна температура до 33 степени.

И утре ќе преовладува преовладува сончево и топло време со дневни температури и до 37 степени.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а во вторник ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер што ќе придонесе позначителен пад на температурата.