Викенд временска прогноза

Денес е петок, 21 јули 2017 година, 202-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:11, а ќе зајде во 20:06 часот. Денот ќе трае 14 часа и 55 минути.

Под влиијание на антициклонска атмосферска циркулација ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло време со утрински температури кои што се карактеристични за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде  претежно сончево и уште потопло време со дополнителен пораст на дневните температури. Попладне во западните предели појава на локална облачност која што во планинските предели може да услови и сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 19 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде сончево и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна до 35 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови се повеќе ќе ги чувствуваме последиците од антициклонската атмосферска циркулација која што ќе условува сончево и се потопло време со повисоки дневни температура и висока вредност на ув индексот. Во сабота сочево и топло време, утринската температура од 13 до 22 степени, додека пак дневната од 28 до 39 степени. Во недела и понеделник во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, затоа бидете внимателни и следете ги препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови. Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Максималните дневни температури од 28 до 39 степени.

weather4all.com.mk