Викенд временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува.

Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималните температури ќе се двиѓат од од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата од 20 до 37 степени.

Во сабота претежно сончево со локлална облачност, попладне зголемување на облачноста која што попладне и навечер може да услови и локални врнежи од дожд и посвежо време со максимални температури од 22 до 33 степени. Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со дополнителен пад на дневните температури кои што ќе бидат под просекот за овој период од годината кои што во недела ќе се движат од 18 до 29 степени, а во понеделник од 20 до 31 степени.