ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Не чека нов пресврт со времето

 

Денес е петок, 24 јуни 2016 година, 176-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:55, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 20 минути.

Во поголем дел од Македонија ова утро е претежно сончево и доста топло. Во северните, северозападните и западните предели на Македонија има појава на облачност која постепено ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе претежно сончево со локална облачност и  топло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели постојат услови за развој на нестабилна облачност која ќе услови локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен североисточен и источен ветер. Утринските температури од 14 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, топло и ветровит. Ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринската температура од 21 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота претежно сончево, попладне и навечер во западните, северозападните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд. Температурите од 28 до 38 степени. Во недела претежно сончево попладне и навечер во крајните западни и крајните источни предели со врнежи од дожд. Максималните температури од 26 до 37 степени. Во понеделник и вторник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со максимални температури кои ќе се движат од 24 до 35 степени.

weather4all.com.mk