Превкусен рецепт кој можете да го подготвите овој викенд и да ги изненадите најблиските.
За да ги подготвите тортиљите потребно ви е:
4 тортиљи,
400 грама мелено месо,
зелена пиперка,
пола главица зелка,
главица кромид,
чен лук,
150 мл кечап,
сол,
црн пипер,
маслинов зејтин и
мајонез по желба.
Подготовка
На масло испржете го ситно исечканиот кромид, додадете го месото и динстајте со постојано мешање. Потоа, додадете го испасираниот лук, кечапот, солта и црниот пипер.
Зелената пиперка и зелката исечкајте ги. Тортиљите згреј те ги во рерна, наполнете ги со смесата од месо и исечканиот зеленчук. На крај додадете мајонез по желба.