Викенд настани во Скопје

Натпревар во автомобилизам на Водно

Поради најавениот ридски натпревар во автомобилизам, што треба да се одржи задутре на Водно, викендов СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење на возила и пешаци.

–Денес е предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и задутре, во периодот од девет до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат од комплексот станбени објекти „Скала“ кон Средно Водно, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Бајага и Инструктори“ на „Супер Скопје“

Во рамки на новата музичка манифестација „Супер Скопје“ вечер на Кејот „13 Ноември“ во главниот град ќе настапат „Бајага и Инструктори“.

Синоќа на истата колација настапи Сергеј Четковиќ.

Во наредните петоци и саботи манифестацијата ќе се одржува на различни локации и тоа во Старата скопска чаршија, улицата „Македонија“ и Боемската улица во Дебар Маало.

Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц - Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“). 

MakeDox 2017

На 19ти август 1839та година, француската влада го прогласува фотографскиот процес на Луј Дагер како подарок за светот. Неговиот пронајдок, на човештвото му отвори цел нов универзум на забележување, интерпретирање, раскажување и манипулирање на светот и векот. МакеДокс е логичен одблесок на една од тие дагеротипии, во бескрајното време и простор.

На 19ти август 1960та година, Советскиот Сојуз го лансира сателитот Спутник со кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, два стаорци и различни растенија.

На 19ти август 2017 година, во Куршумли Ан, почнува осмото издание на МакеДокс. Бројот осум е симбол на бескрајниот надворешен и внатрешен космос, означува стабилност и нов почеток. Повеќе инфо во линкот погоре.

Hit&Run street workout competition 2017

Центарот за спорт и спортски развој Hit&Run со гордост го најавува својот прв официјален натпревар во Скопје во улично вежбање (street workout), кој ќе се оддржи на 20.08.2017 во 16:00 ч. и ги поканува сите љубители на овој спорт, но и оние кои се чувствуваат фит и кои сакаат да се натпреваруваат и да освојат медали, слободно можат да земат учество и да бидат дел од овој настан.