Викенд настани и забави во Скопје

 „Скопски цветен фестивал 2017“

Градот Скопје и Јавното претпријетие „Паркови и зеленило“ на 27 и на 28 мај (сабота и недела) во паркот „Македонија“, наспроти „Веро 2“ крај булеварот „М.Т. Гологанов“ ќе го организираат четвртиот по ред „Скопски цветен фестивал 2017“.

Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците од областа на хортикултурата.

Според официјалната програма, посетителите на фестивалот, во текот на двата дена, ќе имаат можност да погледнат и да купат цвеќе и цветни аранжмани, да учествуваат во работилници за цртање, садење цвеќе, изработка на цветови од хартија, цртање на текстил. Исто така, ќе можат да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, но и да се дружат на отворено.

Фестивалот ќе го збогатат голем број изложувачи, а за забавниот дел од фестивал се најавени повеќе музичари и групи.

Скопје балансира!

На 27ми мај, во 12 часот во Градскиот Парк во Скопје, во тревникот кај тениските терени ЈУГ, Gibbon Slacklines Macedonia и Sport Inn ве повикуваат да дојдете и да пробате да балансирате 10 секунди и заедно Скопје да го ставиме на глобалната слеклајн мапа.

Настанот е отворен за сите посетители, без разлика на возраста, па освен поставување на рекордот, секој ќе има шанса да проба да постави свој личен рекорд во балансирање, најмладите ќе може да се забавуваат и да балансираат на детските слеклајн ленти, а љубителите на фитнесот ќе имаат можност да дознаат и нешто повеќе за SLACKFIТ - фитнес програмата на Gibbon.



За забавата на настанот ќе се погрижат Марко Новески и Dj Frantic, а дечките од Slackline Академијата ќе имаат можност конечно да ви ги покажат вештините и триковите што ги совладаа во изминатите месеци.

Културните и збаваните настани  закажани за викендот може да ги погледнете ОВДЕ.