Coffee Fest во Рамстор Мол

Љубителите на доброто кафе благодарение на Рамстор Мол во периодот од 21 до 23 октомври ќе можат да уживаат дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе на овогодинешниот Coffee Fest во организација на трговскиот центар. 

Фестивалот ќе трае три дена во периодот од 12 до 18 часот, а целата програма покрај промовирањето на нови вкусови, дегустација и многу забавни кафе- муабети ќе биде збогатена со богата музичка програма и настапи во живо на повеќе бендови. Организаторот ги кани сите вљубеници на кафето на едно сосема поинакво кафе доживување во Рамстор Мол.

 

Вино, храна, чалгии и Каролина Гочева

Почетокот на првиот “Фестивал на виното” беше означен во четврток вечер во комплексот “Македонско село”, а ќе трае до недела, 23 октомври.

Освен убаво вино и храна,  гостите ќе се забавуваат со чалгии, а атмосферата ќе биде збогатена со звучни имиња од македонската сцена. Во сабота уживањето ќе доживее кулминација со настапот во живо на македонската дива, Каролина Гочева. Главни учесници на настанот се македонските винарии Тиквеш, Стоби, Камник, Бовин и Сопот, а како поддржувачи се Општина Карпош, Пелистерка, Агриа, Солета, Здравје Радово, Битолска Млекара, Лакталис и Осогово Милк.

Влезот во комплексот "Македонско село" за време на фестивалските денови е 100ден.

 

„Ќебап бисер на соживот“

„Ќебапот - чаршиски бисер на соживот“ е насловена манифестацијата што денес ќе се одржи во Старата скопска чаршија. Настанот е закажан во 11 часот и ќе се случува пред платото на споменикот „Скендербег“ на неколку локации. Оваа манифестацијата се одржува по третпат, а организатори на настанот се Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на северозападна Македонија и здружението „Еснаф“.

 

Репертоар на кино Милениум

САБОТА – НЕДЕЛА (22.10. - 23.10.):

11:00 - ШТРКОВИ (STORKS)

13:00 - ВСЕЛЕНСКА АВАНТУРА 2 (SPACE DOGS: ADVENTURE TO THE MOON) - премиера

15:00 - ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ (THE LIBERATION OF SKOPJE)

17:30 - ЗЛАТНА ПЕТОРКА (GOLDEN FIVE)

20:00 - ЏЕК РИЧЕР: НЕМА ВРАЌАЊЕ (JACK REACHER: NEVER GO BACK) - премиера

22:00 - ИНФЕРНО (INFERNO) - премиера

На листата ги вбројуваме и забавите во ноќните клубови и дискотеки во Скопје.