Викенд хороскоп: Турбулентни денови се пред нас

Хороскопот за викенд најавува турбулентен период кој ќе го обележи Месечината, но и малку тешките аспекти на Венера и Марс.

Месечината влегува во знакот Водолија денеска (петок), така што ќе сакаме да поминеме време со пријателите и да правиме некои необични работи. Нагласена е потребата за вмрежување со другите и може да ни годи да минуваме време на места полни со луѓе. Така ќе се ослободиме и од нервната напнатост и сите оние нешта што ни даваат чувство на вознемиреност.

Во сабота брзо ќе донесуваме заклучоци и одлуки. Важно е да имаме трпение што и да правиме, а силата да ја најдеме во работите кои ни носат инспирација. 

Во недела, Месечината ќе минува низ знакот Водолија пак, но ќе побара од нас да бидеме искрени, оригинални и спонтани. Важно е да ги следиме своите вистински желби и да не се прилагодуваме на другите. Оваа Месечина носи потреба да се ослободиме од товарот на минатото и да го најдеме вистинскиот пат. Недела е добар ден за љубов, но не и за големи одлуки.  Се бара внимателност, да бидеме интровертни и чувствителни.