Викенд-акција за вдомување на миленичиња

Овој викенд продолжува акцијата на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ за пролетно удомување миленици, што ќе се реализира на улицата Македонија во близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Заинтересираните граѓани може да си земат куче или маче од 12 до 17 часот. Од „Анима мунди“ велат дека акцијата има цел да им се обезбеди дом на што е можно повеќе кучиња и мачки што во спротивно ќе бидат осудени на страдање, глад и смрт на улица.

Секое удомено кутре ќе добие извод и вредносен бон за 70 отсто попуст за негова стерилизација или кастрација и ќе важи за секаков вид оперативни зафати за удоменото животно.