Вие заслужувате љубов во која никогаш нема да се сомневате!

Има три работи кои никогаш не смеете да ги направите.

  1. Да молиш да останеш во нечиј живот.
  2. Да молиш некој да зборуваш со некој.
  3. Да молиш за нечие внимание.

Вие вредите многу повеќе од тоа, вие заслужувате многу повеќе од тоа.

Ако тој се однесува кон вас како да сте само алтернатива, тоа значи дека вие не сте вистинската. Ако тој бега секогаш кога работите стануваат реални, тоа е негов проблем, а не ваш.

Оваа ера на лабаво гледање и мување направи машките да си имаат резервни варијанти и така ги заштитуваат своите срца и не си дозволуваат премногу да се затрескаат во случај работите да не излезат како што треба. Но, вие заслужувате многу повеќе од тоа.

Вие не заслужувате да смислувате изговори и да си ги жртвувате стандардите за некој кој сака да седи на две (три, четири, пет) столчиња. Одеднаш „без етикети“ е ин, а „дефинирање на врската“ е аут.

И ако тој не го сака тоа, вие едноставно треба да си заминете затоа што вие заслужувате повеќе од тоа да молите некој да остане во вашиот живот. Никогаш не смеете да се откажете од вашиот глас, особено кога станува збор за љубовта.

Затоа што искрено, сѐ се сведува на вас.

Не можете вечно да чекате некој да ве избере. Не смеете да се однесувате кон некого како да е ваш приоритет додека тие се однесуваат со вас како да сте алтернатива. Морате да се изберете себеси. Морате да бидете решени на тоа секогаш да се избирате себеси, во спротивно на другата страна секогаш ќе му давате преголема моќ.

Вие заслужувате љубов која ви е верна на вас, љубов која ќе прави да се чувствувате незаменливо и ако љубовта не прави да се чувствувате така, тогаш таа љубов не е за вас.

Како што вели Атикус: „Вие сте премногу добри за некој кој не е сигурен за вас.“

Ако не е посветен на тоа да ве запознае вас и само вас, тогаш не треба да се чувствувате виновни што му го вртите грбот. Не е важно каква е модата во модерните врски, она што е важно е да знаете што ве прави среќни, сигурни и она што прави да се чувствувате удобно.

Ако се борите за некој да биде во вашиот живот, тоа треба да биде само во случај кога и другата страна подеднакво се бори за вас.

Затоа ќе ве оставам со оваа мисла која треба да биде блиску  до вашето срце затоа што секоја душа заслужува љубов која ќе им го исполнува битието:

„Вие заслужувате нешто кое нема да ве тера да се двоумите. Вие заслужувате некој кој е сигурен во вас.“