Вие сте добри мајки и треба да го знаете тоа

Забележав нешто во последно време...

Постојано сум оркужена со посветени мајки – кои се смеат со своите деца, кои ги облекуваат преубаво, кои ги сакаат своите деца премногу. Но, сепак истите тие мајки кога ќе ги заспијат своите деца постојано си го поставуваат прашањето : Дали работам премногу? Дали им посветувам доволно време на своите деца? Дали треба помалку да седам на телефон? Дали треба да се трудам да ги хранам поздраво?

Кога ќе ја ставам мојата глава на перница на крај на денот, и јас се грижам за истите нешта. Се прашувам дали моите деца се чувствуваат сакано?

Но, одговорот е да. И, тоа е она што е важно, нели? Дали е важно дека понекогаш им даваме нездрава храна, им дозволуваме да гледаат телевизија до подоцна или пак брзаме околу нив? Важно е дека даваме се од себе и дека сакаме да ги насочиме тие да бидат добри личности.

Се надевам дека нашите деца на која возраст и да се,се свесни за тоа.

Најлесно на светот е да си ставаме притисоци и да се плашиме дека не сме најдобрата верзија, и тоа е понекогаш здраво. Но, не треба да се преоптеретуваме и очајуваме премногу мислејќи дека не сме добри родители  тогаш кога даваме се од себе. Ако погледнеме околу нас, можеби мислиме дека дел од мајките се подобри од нас, но не е така. Секоја од нас дава се од себе и го прави тоа на својот начин.  Постојат многу различни начини да израснеме здраво и среќно дете. Секој од нас прави најдобро што може.