ВИДЕО: За Лозано не постои „Северна“

Влатко Лозаноски уште еднаш се стави во служба на Македонија, овој пат на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020, каде што го доби признанието за најдобра поп фолк нумера.

Тој го поправи водителот, кој го претстави како пејач од Северна Македонија, објаснувајќи на македонски дека „тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку“.